Фестивалот се одржува на 14 и 15 август пред споменикот на Итар Пејо во Прилеп и во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Подготовките за новиот меѓународен фолклорен фестивал
веќе наголемо се завршуваат, а до фестивалот остануваат уште само 5 дена.
Фестивалот кој ќе претставува нов културен настан за Прилеп
и прилепчани има за цел претставување на традиционалниот фолклор кои ќе
овозможи културна размена преку традиционална музика и игри.
Новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој
викендов се одржува во Прилеп е под покровителство на Општина Прилеп и Центарот
за култура „Марко Цепенков“, а истиот е поддржан од повеќе фирми и
претпријатија во Прилеп.
Официјалната програма за фестивалот е следна:
*14 август 2026 година (петок) 19:00 часот пред
споменикот на Итар Пејо
-Прошетка
низ Прилеп
-Детска работилница на Могилата на непобедените
-Свечено
дефиле на учесниците
-Фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо
*15 август 2026 година (сабота) 19:00 часот во НУЦК„Марко
Цепенков“-Прилеп
-Креативна
работилница
-Главна фестивалска вечер
-Забава
на летна сцена при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Влезниците за втората фестивалска вечер може да се
набават секој работен ден од 10 до 12 часот на билетара од Центарот за култура
„Марко Цепенков“-Прилеп по цена од само 100 денари.
Инаку, Меѓународниот фолклорен фестивал е во организација
на КУД „Мирче Ацев“-Прилеп.
Христијан Ангелески
#Фестивали


Коментари
Постави коментар