Традиционалната Вечер на унгарска музика во Прилеп донесе народни песни, танци и фолклор, а публиката им се придружи на членовите на ансамблот „Коња“ во заедничко танцување пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Синоќа на платото пред Центарот за култура „Марко
Цепенков“-Прлеп со почеток од 19:30 часот се одржа традиционалната Вечер на
унгарска музика, а покрај музиката беа претставени унгарската култура,
традиција и фолклор.
На оваа традиционална вечер на Унаграска култура во Прилеп
настапуваа оркестарот „Рофажа“ и Културниот ансамбл „Коња“.
„Рофажа“ и „Коња“ пред прилепската публика ги покажаа
традиционалните унгарски танци, ора и песни, а секако неизбежен дел беше кога
членовите на „Коња“ почнаа да танцуваат заедно со публиката.
Оркестарот
„Рофажа“ од Сента и околината постои од 2024 година и го сочинуваат млади
музичари, кои досега освоиле повеќе награди и настапувале на бројни фестивали и
манифестации во Србија и Унгарија. Со менторите Ѓула Јухас и Ласло Штербик,
оркестарот го негува и претставува традиционалниот музички фолклор од различни
етнографски области на Карпатскиот Басен.
Фолклорниот
ансамбл „Коња“ од Бачка Фекетиќ постои од 1996 година и го сочинуваат
средношколци и студенти посветени на унгарските народни танци и музика.
Ансамблот има освоено повеќе златни награди и настапува со автентични
кореографии и танцови претстави од различни етнографски области.
Вечерта на Унгарската култура во Прилеп е во организација
на Центарот за култура „Марко Цепенков“, а истата се одржува повеќе години
наназад со исклучок на годината 2020 кога владееше пандемијата со Ковид 19 и
кога оваа вечер не беше одржана.
Христијан Ангелески
#Култура




Коментари
Постави коментар