Пређи на главни садржај

Вечер на унгарска традиција, култура и фолклор во Прилеп

 Се одржува на платото пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Вечер на унгарската култура ќе се одржи на 7 август 2026 година (петок) од 19:30 часот на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“. Се работи за традиционална вечер на која се презентира унгарската музика, фолкор и традиција, а ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија, и ќе настапат оркестарот „Рожафа“ и ФА „Коња“.


Оркестарот „Рофажа“ постои од 2024 година, а го сочинуваат млади музичари од Сента и нејзината околина. Нивното прво јавно претставување било на натпреварот за народна музика „Свири, свирче, свири!“, каде што освоиле сребрена награда. Потоа настапувале на настани посветени на народната музика, меѓу кои во Сента, Кањижа, Фелшехеѓ, Гомбош и Турска Кањижа. Во пролетта 2025 г. биле дел од манифестацијата „Музиката на нашите предци“ во Србобран, потоа на фестивалот „Дуриндо“ во Унгарска Итабеја, а својата музичка умешност ја претставиле и на Војводинската средба на унгарските танцови куќи во Бачка Топола. На Натпреварот за народно творештво на средношколците во Војводина, оркестарот ја освои специјалната награда на оркестарот „Фокош“, како и пет бесплатни учества на нивниот камп за народна музика. Од почетокот на 2025 година, оркестарот „Рожафа“, заедно со своите ментори Ѓула Јухас и Ласло Штербик, е постојан придружен оркестар на танцовите групи.

Членовите на оркестарот сметаат дека е исклучително важно да ги запознаваат, изучуваат и претставуваат народните песни од различните етнографски области на Карпатскиот Басен. Во нивниот репертоар се застапени мелодии од повеќе етнографскирегиони, меѓу кои Силаѓ, Вајдасентивањ, Мезекелпењ, Сатмар, Фелчик,Долнодунавските Секељи, Шовидек и Калотасег.


Фолклорниот ансамбл „Коња“ од Бачка Фекетиќ постои од 1996 година.Членовите на ансамблот се средношколци и студенти, за кои унгарските народни танци и народната музика претставуваат важен дел од нивниот живот. Зад себе има бројни настапи. Покрај изведбата на автентични кореографии на народни танци, тие создаваат и танцови театарски претстави, кои во текот на годината ги изведуваат во повеќе населени места во Војводина. Секоја година ансамблот учествува на Војводинската средба на танцови куќи и на фестивалот „Ѓонѓошбокрета“. Повеќе пати освоил златна  награда на Натпреварот за народно творештво на средношколците, а жирито им додели златна награда и на Националниот детски и младински натпревар по народни танци „Стокротка“ (Százszorszép) во Сегедин. Покрај високото ниво на ансамбловата работа, нивните инструктори големо внимание посветуваат и на развојот на поединечните солисти. Ансамблот ќе се претстави со кореографии од повеќе етнографски области, меѓу кои: Тјукод во регионот Сатмар, Туркеве во Куншаг, како и танци од Трансилванија, од областа на реката Кикјиле (Küküllő), Калотасег и Мезешег.Раководители на ансамблот и кореографи се Николет Сакал и Тамаш Сакач.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...