Пређи на главни садржај

Стефан Величковски има песна со стихови што сечат како жилет и „Карта“... во еден правец за некој друг свет

Стефан Величковски со нова песна под наслов „Карта“...

Неполни два месеци по излегувањето на емотивната поп балада „Имам се' “ со зборови кои допираат секого и се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски веќе има нова песна. Овој пат летна, разиграна, полна со ритам срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со „КАРТА“ во еден правец в џеб во некој друг свет, а сепак копнежот ја „сече“ душата како жилет.

За тоа зборуваат стиховите на темата „Карта“ во кои одново се испреплетува „семејната хармонија“ на пејачот со авторот на текстот, неговата сопруга - ТВ водителката Ана Николовска-Величковски, која заедно со Стефан е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев.

Музички во прашање е поп песна со регетон призвук, налик на големите светски хитови од средината 90-ите како што беа „ Coco Jumbo“ na Mr. President или „All that she want“ на „ Ace of Base“, на пример. Реге - поп ритам со слушлива хармонија и певлив вокал како рецепт за летна песна која од прва влегува во уво и секогаш има потенцијал бргу да стане летен радио хит кој ќе го вртат домашните радиостаници.

„Карта“ е визуелизирана и со видеоспот кој како и во музичкиот авторско - продуцентски дел, пејачот не ја менувал екипата, па за реализација на видеото повторно ја одбрај екипата на Industrial Media на Драган Ристовски.

Во спотот покрај Стефан Величковски се појавуваат и девојките од танчерското студио KaDance кои танцуваат на кореографија на Катерина Стојковска.


Фото: А.Н.В./AI Grok

#Естрада



Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...