Пређи на главни садржај

Манастирот „Свети Ѓорѓија“ над Присад – духовен бисер што бдее над Прилепското Поле

Место каде што верата, историјата и природата се спојуваат во едно незаборавно доживување...

    На само тринаесетина километри североисточно од Прилеп, на стариот пат кон Велес, високо над селото Присад и во непосредна близина на превојот Дервен, се издига манастирот „Свети Ѓорѓија“ кој е едно од најубавите духовни катчиња во прилепскиот крај. Од ова место погледот се губи кон пространото Прилепско Поле и вештачкото Прилепско Езеро, додека мирот што владее околу манастирот остава впечаток дека времето овде тече побавно.

    Манастирскиот комплекс денес претставува омилено место за верниците, љубителите на природата и сите оние кои бараат духовен мир далеку од градската прилепска врева. Но зад неговите камени ѕидови се крие и една необична приказна, која со генерации се пренесува меѓу жителите на Присад.

    Според народното предание,а и според кажувањата на Кире Василески од упрвата на манастирот, на ова место некогаш постоел многу постар манастир, кој бил разрушен во времето на османлиското владеење. Од него, според манастиркста управа, останал само голем камен крст и споменот дека токму тука со векови народот го прославувал Ѓурѓовден. Дури и кога светилиштето било урнато, луѓето не престанале да доаѓаат на ова место, верувајќи дека неговата светост никогаш не исчезнала.

    Современиот манастир започнал да се обновува по Втората светска војна. Најнапред била изградена помала црква во 1953 година, а неколку години подоцна започнала изградбата на денешниот храм, чии темели биле осветени во 1964 година со благослов на првиот архиепископ на Македонската православна црква (МПЦ), Доситеј. Така, старото светилиште повторно оживеало, продолжувајќи ја вековната духовна традиција на овој простор. Изградбата на ова верско светилиште траела од 1945 до 1964 година.

    До манастирот води комбиниран асфалтен и калдрмен пат, а уште при пристигнувањето посетителот го пречекува прекрасен поглед кој остава без здив. Манастирскиот двор е уреден, исполнет со зеленило и сенки од високите дрвја, што го прават идеално место за одмор и молитва. Во летните месеци овде често можат да се сретнат семејства, планинари, велосипедисти и туристи кои ја користат можноста да се одморат и да ја почувствуваат тишината што ретко каде може да се најде.

    Особено свечено е на празникот Свети Ѓорѓија – Ѓурѓовден, кога манастирот станува собиралиште на илјадници верници од Прилеп и околните населени места. Тогаш дворот се исполнува со молитви, традиционални обичаи и заедничка трпеза, продолжувајќи ја вековната традиција на ова свето место.

    Во изминатите години манастирот доби и дополнителна културна димензија. Во неговиот прекрасен амбиент редовно се организира Меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен“, која собира уметници од Македонија и странство. Инспирирани од природата, тишината и духовната атмосфера, тие создаваат дела кои сведочат дека манастирот не е само место за молитва, туку и извор на уметничка инспирација.

    Она што најсилно го чувствува секој посетител е мирот. Без разлика дали човек доаѓа како верник, турист, фотограф или случаен патник, манастирот „Свети Ѓорѓија“ остава впечаток што долго се памети. Камбанаријата, мирисот на темјанот, шумот на ветрот низ дрвјата и широкиот хоризонт над Прилепското Поле создаваат чувство дека овде човек е поблиску  до бога, до природата и до самиот себе.

    Имено, според управата на манастирот во манастирскиот олтар се наоѓаат и мошти на светецот за кои е посветен манастирот, а според нив во манастирот се случуваат и чуда со тоа што оние брачни парови кои немаат  потомство по доаѓањето и молитва во манастирот жените остануваат бремени и добиваат потомство т.е пород.

    Посебно место во историјата на манастирот зазема игуменија Катерина, жената која била првата монахиња која со својот труд и духовна посветеност оставила неизбришлива трага во развојот на ова светилиште. Таа била душата на манастирот во неговите почетоци, грижејќи се за духовниот живот, за уредувањето на комплексот и за секој посетител што ќе ги преминеше манастирските порти. Иако во 1979 година Игуменија Катерина била преместена во друг манастир, нејзината желба била по нејзиното упокојувањето повторно да се врати во својот духовен дом. Така, во 1990 година, игуменија Катерина била погребана во манастирот „Свети Ѓорѓија“, каде што нејзиниот вечен починок кој се наоѓа од десната страна веднаш до главните манастирски порти, и ден денес сведочи за нејзината љубов и пожртвуваност кон ова свето место.

    Манастирот „Свети Ѓорѓија“ над Присад располага и со конаци за престој, а во манастирскиот двор се наоѓа и висококвалитетна света вода. Интересен е фактот што оваа година скопската илинденска коњаница која тргнува од скопско Трубарево, а која завршува во славното Крушево ќе го посети манастирот, а во истиот коњаницата ќе направи одмор со црковните звуци, духовниот мир, убавиот мирис на темјан и убавиот поглед кон Прилепското Поле.

    Инаку, манастирот „Свети Ѓорѓија“ над прилепското село Присад не е само духовно светилиште. Тој е жив сведок на историјата, симбол на истрајноста на народната вера и едно од оние места кои вреди да се посетат барем еднаш. А оние што ќе дојдат еднаш, најчесто повторно се враќаат – привлечени од тишината, убавината и духовната сила што со децении го чуваат ова свето место над Прилеп.

 

Христијан Ангелески


#Репортажи 


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...