Пређи на главни садржај

Галоски со нова трака - Дејвид Гета ја пушташе неколку часа по промоцијата

Дејвид Гета со поддршка за македонскиот музичар Галоски... 

Глобалната диџеј ѕвезда и еден од најголемите хитмејкери на денешницата, Дејвид Гета, повторно даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овој пат за неговото ново издание „To The Beat“.

Песната официјално излезе во петок, 19 јуни, преку Smash The House, издавачката куќа на светски познатото белгиско дуо Dimitri Vegas & Like Mike. Истата вечер, „To The Beat“ беше премиерно емитувана и во радиомемисијата на Дејвид Гета, што претставува уште една голема меѓународнампотврда за музиката на Галоски.

Ова не е прва поддршка од Гета за македонскиот артист. Напротив, тој повеќемод една деценија редовно ја врти и поддржува музиката на Галоски во своите радио емисии и сетови, заедно со големи имиња како Tiësto, Armin van Buuren, Martin Garrix, Solomun, Dimitri Vegas & Like Mike и други водечки артисти од светската електронска сцена.

Минатата година, Галоски имаше уште еден значаен меѓународен момент, кога Swedish House Mafia, односно Axwell, Steve Angello и Sebastian Ingrosso, тестираа негова песна на Tomorrowland. Веднаш по нивниот настап, песната беше потпишана за нивната издавачка куќа Superhuman, а потоа доби дополнителна поддршка и од Solomun, како и од самите Swedish House Mafia на нивниот настап во Њујорк.

Покрај студиските изданија, Галоски продолжува активно да ја гради својата интернационална приказна и преку настапите надвор од Македонија. Оваа пролет реализираше интернационална турнеја, а претходно, во ноември минатата година, имаше уште една серија настапи надвор од земјата, што дополнително го потврдува неговиот континуиран раст на меѓународната сцена.

Во изминатиот период настапуваше и беше присутен во градови и музички центри како Токио, Бангкок, Барселона и Ибица, каде оваа година беше дел и од Интернационалниот музички самит, еден од најзначајните настани за електронската музичка индустрија.

Помалку познат факт за Галоски е дека, покрај својата артистичка кариера, тој веќе со години е активно присутен и зад сцената на светската електронска музичка индустрија. Преку својата работа како артист, продуцент и музички маркетинг директор, директно и индиректно соработува со преку 80 артисти од самиот врв на светската електронска сцена.

Токму затоа, на неговите социјални мрежи често може да се видат успеси поврзани со артисти како Argy, Korolova, Miss Monique, David Guetta, Tiësto, Swedish House Mafia, ARTBAT и многу други големи имиња од светската музичка сцена.

Со „To The Beat“, Галоски продолжува да ја позиционира македонската електронска музика рамо до рамо со најголемите светски имиња. Неговиот следен сингл е најавен за 3 јули, а македонската публика ќе има можност премиерно и ексклузивно да го слушне на Антена 5 радио.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...