Изложба „Детски цртеж“ на ателје Артика во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата е поставена во Ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 5 јуни 2026 година (петок) од 18:30 часот во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика.

Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посеетуваат настава воателјето. 

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и труизам.

Ателје Артика, основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се реализираат часови по цртање, сликање, графика и скулптура, наменети за деца, млади и возрасни со различни интереси и нивоа на искуство. Преку внимателно осмислен образовен процес, Ателје Артика ја поттикнува љубопитноста, како и креативното размислување и индивидуалниот уметнички развој на своите ученици. Наставата се фокусира на стекнување на технички знаења, но и на охрабрување на личниот израз исоздавање на уметнички дела со сопствена автентичност.

Ателјето е предводено од ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство и посветеност создаваат средина што поттикнува учење, истражување и инспирација преку уметноста и креативното изразување.


#Култура

Коментари