Пређи на главни садржај

Давид: „Мојот успех е успех на публиката“

 По период на повлекување, младиот водител проговори за здравствените предизвици, хуманоста, љубовта кон публиката и амбициите што допрва доаѓаат...

Прашање:По периодот на тишина и повлекување, повторно се враќаш во јавноста. Што беше пресудно за таа одлука? 

 Одговор: Искрено, сфатив дека не сум човек што знае да се предаде, а таа мотивациска поткрепа ми ја даде мојата најсакана публика. 7 години се борам со болест која ме нападна, сега ми се влоши состојбата, но фала му на Господ, сега сум подобар. Кога човек ќе “падне” има две опции, да останеш долу или да станеш уште посилен. Јас ја избркав втората, да им покажам на медиокритети кој е таткото!

 Прашање: Што значи публиката за тебе? 

 Одговор: Публиката е сè. Без народот, ниту еден медиумски проект нема вистинска вредност. Јас никогаш не сум се доживувал како некој што е над луѓето. Напротив, отсекогаш сум бил еден од нив. Затоа сакам да ги слушам нивните приказни, нивните мислења и нивните предлози. Верувам дека токму таа искреност е причината поради која луѓето ми веруваат. 

 Прашање: Која е твојата најголема амбиција во иднина? 

 Одговор: Да продолжам да создавам содржини што ќе ги обединуваат луѓето и ќе внесуваат позитивна енергија. Сакам секој проект што ќе го работам да биде создаден за народот и со народот. Кога ќе ја почувствувам нивната поддршка, знам дека сум на вистинскиот пат. 

 Прашање: Што би им порачал на оние што те следат? 

 Одговор: Едно големо благодарам. Благодарам за секој преглед, секој коментар, секоја порака и секој збор на поддршка. Вие сте причината поради која секој ден се трудам да бидам подобар. Ќе продолжам да работам со истото срце и истата љубов, затоа што мојот успех е ваш успех. Прашање: Со кои јавни личности не си во добри односи? 

 Одговор: Со никој јас не сум во лоши односи, одредени медиокритети и злобни кловнови кои конзумираат енормно алкохол и дрога имаат проблем со мене. Зошто Македонија била последна земја која останала окупирана од Османлиското царство?- Па затоа што за жал во генезата е да се мрази, секој кој е чесен, кој е успешен, имаат порив да го уништат. Моите животни идеологии се сосема спротивни, тежнеам за сплотеност, љубов и меѓусебна поддршка… Еден ден сите ќе разберат дека не е убаво тоа што се карале со ,,таткото”, а тоа сум јас, јас на сите можам да простам, кога ќе побараат помош од мене! 

 Прашање: Кои ти се најблиски пријатели од јавната сцена? 

 Одговор: Па скоро сите, ние сме малце луѓе, мене многумина ме гледаат и како психолог, има многу големи ѕвезди кои ме бараат и по полноќ, онака само муабет да правиме. Приватни дружби имам со многу, ќе седнеме во кафана и СЕКОГАШ јас плаќам, ги сакам сите! Ненад Вржалски, Марко Новески, Тоше Зафиров, Сузана Гавазова, Вочевска, Брејк, Аце Темелков, Баркли, Бисера, Бојана, Марија Колинс, мноооогу други кои сега немам место да ги напишам, со мнооогу сум близок, речиси со сите. Јас сум единствен новинар во Македонија, кој не пишувал наслови и статии кои можат да навредат нокоја наша ѕвезда, затоа што приватно сум близок со нив, а и со нивните семејства, се грижам за угледот, а кога сакам шоу однапред им кажувам и се договараме. Де јуре не работам како што треба хахаха, затоа што не сакам безобразни наслови, иако се новинарско точни. Сите ги сакам и сите можат да рачунаат на мене. Многу сум и спојувал вака по емисии сум ги смирувал, сум ги здружувал, среќен сум кога гледам насмеани лица. 

 Прашање: Изјави дека имаше изминатиов период проблеми со здравјето, дали си подобар сега? 

 Одговор: Да подобар сум, иритабичен колон е нешто многу сериозно и болно…. Тие што го имаат истиот проблем ги молам редовно да одат на прегледи и секој кој ќе го прочита ова, а има сличен проблем да ме контактира спремен сум на секој да му помогнам! 

 Прашање: Низ чаршијата се слушаат муабети за тебе, дека си бил голем хуманитарец, редовно донираш крв, донираш и средстава таму кадешто се потребни, зошто тоа не го откриваш во јавноста? 

 Одговор: Затоа што не сакам на патетики и манипулации да добијам поени. Публиката знае кој сум јас и каков човек сум јас, не сум како овие хипокритиве лажно да се фалам… Човечки е да се помага! 

 Прашање: Според направени анкети ти си избран како еден од најубавите мажи на естрадата, како и најдобар водител, кој е твојот одговор? 

 Одговор: Фала им на сите за тоа. Не мислам дека сум најдобар, имам 23 и имам да учам многу на пример од Марко Новески, Мартин Најнтинајн, Ненад Ѓорѓиевски кои се најдобри, јас сум само прв од оваа нова генерација, а и сум најмладиот водител кој почнал со емисии во Македонија, од 19 години водам емисии и настани. Јас сум само најискрен, а и единствен којшто е член во ЗНМ. Што се однесува тоа најубав среќен сум за тоа хехе. 


 Прашање: Нешто што ја интересира цела нација е дали Давид е заљубен? 

 Одговор: Давид е заљубен во животот, во публиката, во семејството, во пријателите, во природата и толку, доволно е. Сѐ уште е ајтуелна темата поврзана со Евровизија, кој според тебе треба да ја претставува Македонија на Евровизија? 

 Одговор: Пред неколку дена на Дарко Гелев-Брејк му кажав дека треба јас да настапувам и реално сметам дека го имам сѐ она што Евровизија го бара, паи и би победил, но немам глас, хаха. Имам најубав машки радиофоничен глас во државата, но немам талент за музика, па затоа мислам дека еве Брејк треба да настапува, убав е, талентиран е, а и многу добар човек е. 

П.С. Многу талентирани уметници има во Македонија кои треба да настапуваат на Евросонг.


#Интервјуа

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...