Пређи на главни садржај

2БОНА - први учесници на С.О.С. фестивал 2026-Битола

По спектакуларниот концерт во „Јане Сандански“, Кун и Тонито на 8 август пристигнуваат на Ракометното игралиште во Битола како први објавени учесници на С.О.С. фестивалот, музички настан кој испраќа силна порака против шундот и кичот...

Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер,

 Игор Џамбазов. Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата урбана генерација - 2БОНА, кои со години го држат врвот на македонската трап сцена. По целосно распродаденaта арена Јане Сандански во Скопје еве ги Кун и Тонито и во Битола. 2БОНА кои со нивните хитови со години доминираат кај младата популација ce подготвени да ви приредат уште една незборавна вечер и да понудат музика вдахновена од новите светски современи музички трендови. 

 На 8-ми август, Битола ќе пулсира во ритамот на С.О.С. фестивал е во организација на „Fresh Union - Film, Music and Booking Agency“ и проект во рамките на БитФест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија. Влезниците за С.О.С. фестивал се веќе пуштени во продажба по промотивна цена до 10 јуни 2026 и можат да се набават онлајн на www.wayin.mk и продажните тобака на Димпо Тобако (Широк Сокак), Гроздо, Ленски мост, Нов Пазар и Tobacco Brothers (Широк Сокак).


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...