Пређи на главни садржај

Ситно до концертот на Емина Јаховиќ, вечерта што се најавува како еден од најочекуваните музички настани годинава

 Концерот е на 14 мај 2026 година (четврток) во Македонската филхармоја во Скопје...

Одбројувањето започна. Останува само уште една недела до моментот кога Скопје ќе биде домаќин на една од највпечатливите музички ѕвезди на Балканот. На 14 мај, сцената на Македонската филхармонија ќе ѝ припадне на Емина Јаховиќ, дамата која не е само изведувач, туку и автор, и хитмејкер, и креатор на емоции што траат.

Дружбата со скопската публика нема да биде само обичен концерт, туку ретка можност публиката да ја доживее Емина во нејзиното најискрено и најмоќно издание - со глас што допира, со песни што раскажуваат и со енергија што се чувствува долго по последниот аплауз.

Како автор на некои од најголемите регионални хитови, Емина Јаховиќ зад себе има репертоар што ја обележа цела една генерација. „Дал она зна", „Вукови", „Мед", „Пиле моје", „Лимунада"... песни што не се само хитови, туку дел од лични приказни, спомени и емоции. Во Скопје, тие ќе звучат поинаку, поблиску, подлабоко и поинтимно од кога било досега.

Со специјално осмислен концертен концепт и продукција на високо ниво, оваа вечер ветува вистинско аудио-визуелно доживување. Амбиентот на Филхармонијата ќе ја засили секоја емоција, претворајќи го концертот, во организација на Евентум продукција, во уникатно музичко патување.

Интересот е огромен, а бројот на билети е ограничен. Влезниците се во продажба преку мрежата на e-ticket.mk

Не заборавајте - 14 мај не е само датум, 14 мај е момент. Вечер кога музиката станува чиста емоција.

Не пропуштајте го концертот на Емина Јаховиќ во Македонската филхармонија закажан со почеток од 20:00 часот!


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...