Се ожени музичарот Мартинијан Кириловски

Музичарот Мартинијан Кириловски „рипна во тавче“...


Во прекрасните убавини на инталијанската метропола Рим, музичарот Мартинијан Кириловски на многу интересен и автентичен начин ја запроси и побара за жена неговата долгогодишна партнерка Лара Денковиќ.

На социјалните мрежи Кириловски сподели доста интересни фотографии од целата атмосфера и спектакуларното запросување, а под фотографиите тој напиша „Од денес официјално моја“ со емотикон од прстен и бело срце.

Под овие објави на социјалните мрежи Мартинијан доби навистина убави честитки за неговото запросување на неговата партнерка Лара.

Инаку, Мартинијан се просалви во музичката кариера како учесник на најгледаното музичко натрпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде што стигна до големото финале и го освои петтото место. Кириловски има учествувано и на престижниот фестивал „Макфест“ каде што пред штипската, а и целата македонска публика која е љубител на македонската музика се претстави со песните „Сто пати на ден“, „Без да кажеш збор“ и „Крал и слуга“.

Видео од запросувањето на Мартинијан и Лара

Екипата на порталот ИНФО-ПРИЛЕП на Мартинијан и неговата пертнерка Лара им го честита стапувањето во брак и му посакува здравје, среќа и убав зеднички брачен живот.


#Естрада

Коментари