Пређи на главни садржај

ФЕСТИВАЛ НА КОРЕЈСКАТА УБАВИНА ЗА НЕГА НА КОЖА ОД 8 ДО 10 МАЈ И ЕДУКАТИВНИ ПАНЕЛИ СО ДЕРМАТОЛОЗИ И ФАРМАЦЕВТИ

Настанот е на приземјето од Сити Мол во Скопје...

Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика.

За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и пристап за нега, како и до ефектот за сјајна и мазна кожа, кои во последните години стануваат сè поприсутни и кај нас.

Фестивалската програма, предвидува секој ден и едукативни панел-дискусии на кои експерти, фармацевти и дерматолози ќе говорат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината. Фестивалот е можност посетителите директно да се информираат, да споредат и да откријат производи, кои одговараат на нивните потреби, во период кога негата на кожа станува сè поважен дел од секојдневието.

Корејската козметика се издвојува по тоа што нуди практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа подеднакво е прифатена кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми на кожата, како и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега, а не на брзи и агресивни третмани. Ваквиот фестивал е можност на едно место да се добие појасна слика за тоа што значи „K-beauty“ и како може да се примени во секојдневната рутина.

На настанот ќе бидат претставени неколку брендови.

CosLOVEmetics, кои нудат внимателно селектиран избор на корејска козметика за нега на кожа. Со над 3000 производи од 120 светски козметички брендови, располагаат со шаренолика палета продукти за љубителите на корејската козметика да ја постигнат најдобрата верзија на својата кожа. Coslove имаат и бесплатно советувалиште за персонализирани совети и поддршка.

Yeppeuda е бренд кој активно ја развива корејската козметика на македонската сцена, нудејќи внимателно селектиран избор од над 20 светски брендови за нега на кожа и коса.

Во своето портфолио, имаат сертифицирани и безбедни производи со чисти и ефективни состојки, со фокус на квалитетот и резултатски ориентирани решенија, кои ја истакнуваат природната убавина и ја поттикнуваат самодовербата. Секој производ ги следи принципите на етички пристап, одржливост и транспарентност. Бидејќи, убавината не е само надворешен изглед, туку баланс помеѓу надворешната нега и внатрешната благосостојба. Брендот ја промовира свесната грижа за себе како начин на живот – нега која е нежна, конзистентна и вистински ефективна.

Во рамки на компанијата Зегин, функционира специјализирана продавница за корејска козметика – K-Beauty Зегин која во богатото портфолио нуди преку 30 корејски брендови.

Секој производ е внимателно избран за да го поддржи природниот ритам на кожата и да ја разбуди нејзината внатрешна убавина. Од биоразградливи маски до пакувања за дополнување и вегански формули, корејската линија ги привлекува еколошко свесните корисници и нуди персонализиран пристап за сјајна кожа преку уметноста на корејската козметика, со помош на Face Skan апаратот за одредување тип на кожа и испитување на скалот на косата.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...