Пређи на главни садржај

Со прес-конференција најавени 54 Мајски оперски вечери

Мајските оперски вечери годинава се одржуваат од 9 до 31 Мај...

Со денешната прес-конференција која се одржи во просториите на Македонската опера и балет, а на која присуствуваа директорот на Македонската опера и балет, Оливер Арсовски, уметничкиот раководител на Македонската опера и балет, Дејан Стоев и министерот за култура и туризам Зоран Љутков  беше најавено 45 издание на фестивалот Мајкси оперски вечери.

Оливер Арсовскки, директорот на Македонската опера и балет за медиумите вели дека Мајските оперски вечери се културниот идентитет на Македонија и доказ за тоа дека уметноста има сила да поврзува.

„Мајските оперски вечери веќе 54 години не се само фестивал, тие се дел од културниот идентитет на Македонија и доказ дека уметноста има сила да трае и да поврзува. Ова за нас не е само уште една сезона, ова еден момент кога Македонската опера и балет ја покажува својата визија и својата одговорност кон културата и публиката.“-вели Оливер Арсовски, директорот на Македонската опера и балет.

Арсовски додава и дека Мајксите оперски вечери ги отворараат со оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, а ги затвораат со операта „Набуко“.

„Мајските оперски вечери ги отвараме со Пучини. За прв пат отвараме со две претстави и тоа: „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“. Продолжуваме со „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Лебведово Езеро“, „Травијата“ и „Набуко“. Секоја од овие претстави носи нова традиција и заедно создаваат целосно искуство што посакуваме публиката да го памети.“-додава Оливер Арсовски, директорот на Македонската опера и балет.

Зоран Љутков, министерот за култура и туризам на Република Македонија за 54 Мајски оперски вечери вели дека мајските оперски вечери се културна порака дека Македонија има капацитет и визија да создава настани кои се рамноправни со оние настани ширум Европа.

„Големите култуирни настани не опстануваат по инерција. Тие се создаваат одново секоја година со посветеност и со визија. Токму затоа мајските оперски вечери не се само уште еден културен настан во календарот, тие се симбол на континуитет, квалитет и амбиција. Тие се и показател за тоа каде се наоѓа македонската култура денес и она кон кое што се стреми. Публиката на мајските оперски вечери доаѓа за да доживее врна уметност на сцената која се возвраќа со емоција, страст и извонредност. Мајските оперски вечери се културна порака дека оваа земја има капацитет и визија да создава настани што се рамноправни со европските настани.“-рече Зоран Љутков, министерот за култура и туризам на Република Македонија.

Дејан Стоев, уметничкиот раководител на Македонската опера и балет вели дека годинава ќе се изведат вкупно 7 опери, а две опери ќе бидат изведени на самото отворање.

„Оваа година е 54 издание на мајските оперски вечери. Имаме 7 опери и 7 наслови од кој што две во една вечер за прв пат и еден балет. Отворањато започнува традиционално со палењето на огнот, а тој годинава ќе го запали нашата првенка со интернационална кариера Ана Дурловска, а за се понатаму оставаме публиката да дојде и да ужива во овогодишното 45 издание на мајските оперски вечери.“-изјави Дејан Стоев, уметничкиот дирктор на Македонаката опера и балет.

Мајските оперски вечери кој годинава го доживува 54 издание ќе бидат отворени со оперите на Џакомо Пучини „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ и традиционалното палење на оперскиот оган кој оваа година истиот ќе го запали оперската пејачка со интернационална кариера Ана Дурловска. Отворањето е закажано за 9 мај (сабота) со почеток од 20:00 часот во Македонската опера и балет.

Инаку, влезниците се веќе пуштени во продажба и тие може да се набават на билетрата од Македонската опера и балет.

 

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...