Пређи на главни садржај

Нокаут со концерт по повод 30. годишнината од нивното постоење

Култната македонска музичка група „Нокаут“ со концерт во СЦ „Јане Сандански“-Скопје...

Во убавиот амбиент на ресторанот „Пелистер“ на плоштадот Македонија во Скопје денеска култната музичка група Нокаут ја одржа најавната прес-конференција по повод нивниот претстоен концерт кој е со повод, а тој е 30 години постоење на оваа позната македонска музичка поп-рок група.

ПР-от на Нокаут, Антонио Димитриевски рече дека паметел кога Пере и целата прва екипа гостувале во неговата емисија „Шоуто мора да продолжи“ кое тогаш се емитувало на тогашната Македонска телевизија.

„Во Македонија да живееш 30 години е проблем, а камо ли да имаш бенд, но со разно-разни варијации. Јас паметам како да беше вчера кога Пере и првата екипа дојдоа кај мене за емисија во тогашната Македонската телевија и шоуто „Мора да продолжи“. Ја отпеаа онаа позната песна која тогаш беше хит на генерација, а сега е евергрин.“-рече Антонио Димитриевски и додаде дека се работи за концерт кој ќе биде исклучително значаен.

„Се работи за концерт кој е исклучитлно значаен, не само заради опстојувањето на бендот и сите нивни хитови кои низ годините ги создадоа Пере и екипата, туки и заради тоа што ќе биде еден вистоински аудио-визуелен спектакл кои ретко се гледа или е досега невиден за македонски бенд“-додава ПР-от на Нокаут, Антонио Димитриевски

Пере кој е член и основач на групата Нокаут за медиумите вели дека  сцената во Спортскиот центар „Јане Сандански“ е кружна за полесна комуникација и пратење на публиката од сите страни.

„Ја покануваме публиката таа саботна вечер да си поминеме убаво заедно со нас и со она што ние го градевме еве веќе 30 години. Да не беа Игор Џамбазов, Дарко Гелеб-Брејк и Дупер ние секако дека би свиреле во Младинскиот културен центар (МКЦ). Возбудата за концертот е голема и кај нас и тоа се гледа и чувствува. За прв пат ќе свириме на некаква кружна бина које е поставено централно во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Главната идеја беше да бидеме што поблиску до идејата. Затоа се одлучивме да бидеме така поставени и да имаме комуникација и да бидеме пратени од сите страни на публиката.“-изјави членот и основачот на групата Пере.

Игор Џамбазов за концертот вели дека Нокаут биле негова слабост, а тој нивна тежина и дека му било навистина драго што ќе настапел со бендот со кои 20 години свирел и настапувал.

„Ова што ќе се случи на 9 Мај на денот на победата над фашизмот има некаква приказна. Прв пат ќе настапувам на овална сцена. Еден сум од ретките што повеќе од 10 години сум настапувал со бендот и како 6 или 7 член на бендот од 2006 до пред некоја година. Нокаут се мојата слабост, а јас сум нивната тежина. Драго ми е што ќе свирам со бендот со кој 20 години настапував. Ќе ги отсвириме најголемите хитови.“-кажа Игор Џамбазов.

Музичарот Дарко Гелев-Брејк за концертот вели дека му е огромна чест што бил дел од 30 годишната музичка приказна на Нокаут, а посебено му е драго што Игор Џамбазов се трудел текстовите на песните да бидат вечни, а тие како група да пеат онака како што требало да биде.

„Чест ми е што сум поканет да бидам дел од нивната приказна, не само на концертот туку и сите овие песни што заедно ги имаме снимано. Посебно ми ре драго што Игор Џамбазов се труди тие текстови да бидат вечни, а ние да ги испееме така како што треба да биде. Убав позитивен циркуз ќе направиме на 9 Мај во Спортскиот центар „Јане Сандански“-изјави музичрот Дарко Гелев-Брејк.

Имено, на сцената со Нокаут ќе се појават и настапат нивните музички гости, а тоа се: Дарко Гелев-Брејк, Игор Џамбазов, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и други кои ќе бидат убаво и интерсно изненадување за публиката.

Концертот е со почеток од 21 часот, а од групата апелираат публика да пристигне порано во самиот Спортски центар, за да нема застој и да нема доцнење за почеток на концертот.

Инаку, според информациите изнесени на денешната прес конференција концертот е целосно распродаден што докажува дека македонската публика навистина ја сака и ја негува македонската музика, а пред се музиката во поп-рок жанр.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...