Пређи на главни садржај

Спектакуларното 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје (фото)

 Овогодишното издание беше под слоганот „Апсолутна власт-апсолутна забава“...

Магазин

Спектакуларно 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“: Музика, сатира и емоции во А1 арената „Борис Трајковски“ (фото)

На 26 февруари 2026 година (четврток), во преполната А1 арена „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“, манифестација која и оваа година донесе уникатен спој на музика, хумор, сатира и силни емоции, потврдувајќи го својот статус како еден од најзначајните забавно-културни настани во Македонија.

Вечерта помина во духот на традицијата со многу смеа, врвни музички настапи и доделување признанија на уметници кои оставиле значаен белег на домашната сцена, додека публиката уживаше во неколкучасовна програма исполнета со спектакл, музика и позитивна енергија.

Како и секоја година така и оваа неизоставен дел од програмата беа актерите Валентин Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски (попознати како Тино и Атанас), кои на препознатлив  хумористичен начин ги пренесоа актуелните политички случувања во Македонија. Со духовити реплики и сценски настап исполнет со алузии на секојдневните општествени теми, тие повторно предизвикаа смеа и бурни аплаузи од присутните.

Еден од најтрогателните моменти на вечерта беше настапот на Игор Џамбазов, кој им оддаде почит на уметниците и пријателите кои повеќе не се меѓу нас. Тој ги спомена пријателите на „Златната бубамара на популарноста“, како и членовите на групата ДНК кои трагично ги загубија нивните животи во страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, создавајќи силен емотивен момент што ја разнежни публиката и донесе тишина и искрени аплаузи во салата како и едно минутно молчење за давање на почит кон сите оние кои низ годините биле дел од оваа популарна македонска манифестација, но сега за жал веќе не се меѓу нас.

Имено, годинава едно од најзначајните признанија, а тоа е наградата за животно дело  ѝ припадна на музичката икона Марта Хајк, како признание за нејзиниот долгогодишен придонес и влијание врз музичката сцена. Наградата беше проследена со силни емоции и долг аплауз од публиката, која ѝ оддаде заслужена почит за нејзината богата музичка кариера.

Покрај неа, беа доделени и бројни други награди на уметници од музичката, театарската и медиумската сцена, со што уште еднаш се потврди значењето на манифестацијата како симбол на популарната култура во земјава.

Со преполна сала, богата сценска продукција и силна интеракција со публиката, 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“ под овогодишниот слоган „Апсолута власт-апсолутна забава“ уште еднаш покажа дека настанот е повеќе од шоу тој е огледало на општеството, простор за смеа, критика и славење на уметноста.

Инаку, и оваа година „Златна бубамара на популарноста“ успеа да обедини различни генерации преку музика, хумор и емоции, оставајќи зад себе уште една незаборавна вечер на македонската сцена.


Фото: Социјални мрежи facebook и Instagram

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...