Манифестацијата ќе се одржи во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп...
На 13 февруари 2026 (петок) од 18:00 часот во фоајето од НУЦК „МаркоЦепенков“ ќе се одржи поетско - музичката манифестација „Љубов и вино“, а јареализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.
„Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена наљубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првитебакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и свети Валентајн - Денот нављубените“-велат организаторите.
На манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети од Клуботна литеаратурни творци - прилеп и творци од гардот, а гостин ќе биде КУД „Преродба 2024“.
#Култура

Коментари
Постави коментар