Пређи на главни садржај

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

НУ Камерен оркестар на Битола свечено ја отвора концертната сезона за 2026 година на 24 февруари во Офицерскиот дом во Битола...

НУ Камерен оркестар на Битола свечено ја отвора концертната сезона за 2026година со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24февруари 2026 година во Офицерски дом Битола.

Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе ѝ понуди напубликата внимателно одбрана програма посветена на романтичниот израз вомузиката, со дела од: Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски.

Влезот е слободен. Концертот е замислен како емотивно музичко доживување идостојно отворање на новата сезона.

И покрај тоа што оваа година Министерството за култура одобри само 6 проекти,НУ Камерен Оркестар на Битола, како и минатата година, ќе се стреми конреализација на повеќе од 10 концертни и музички проекти во текот на сезоната.

За потсетување, во 2025 година оркестарот реализираше 12 проекти, како и повеќеод 5 гостувања низ Македонија, потврдувајќи ја својата активна улога нанационалната музичка сцена.

Веднаш по отворањето на сезоната, НУ Камерен Оркестар на Битола ќе бидат дели од концертот „Засекогаш во срцата“, кој по осми пат ќе се одржи во Битола. Овојконцерт, посветен на делото и споменот на Тоше Проески, и оваа година ќе сереализира благодарение на ентузијазмот и посветеноста на организаторите, иакоза првпат Министерството за култура не одобри финансиска поддршка за истиот.

Со ваквиот почеток на сезоната, НУ Камерен оркестар на Битола уште еднаш јапотврдува својата мисија континуирано да создава квалитетна музичка програма ида ѝ понуди на публиката значајни културни настани, без разлика наинституционалните предизвици.

За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Оркестар на Битола, следетеги нивните профили на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, или нивната вебстраница www.chamberorchestrabitola.com


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...