Пређи на главни садржај

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

Хитот „Опасно“ На Маја Саздановска и Елвир Мекиќ по 18 години конечно доби спот...

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби свој официјален музички спот.

Видеото беше промовирано вчера (08.02) на јутјуб каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.

„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше наИван Јованов - Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме ифановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат „Опасно“- вели Елвир.


Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски. „Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време.

Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.

Билетите за концертот се веќе во продажба, а може да се купат преку МКTickets.mk


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...