Пређи на главни садржај

Давид Давидовски повторно ја покажа својата човечност: му даде глас и надеж на слеп човек

 Во време кога многумина од јавната сцена се насочени кон слава и лична промоција, младиот водител Давид Давидовски повторно ја докажа својата големина, не со зборови, туку со дела.

Во најновата емисија на „Давид на прва“, Давид му даде простор на Гоце Радески, слеп човек кој храбро проговори за својата судбина, борбата со животот и секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост во Македонија.

Публиката бурно реагираше. Под видеото се појавија стотици коментари со поддршка, во кои гледачите го пофалија Давид за неговата добрина, емпатија и хуманост.

Со емотивен и длабоко човечки пристап, Давид не само што му овозможи на Гоце да ја раскаже својата приказна, туку и упати јавен апел за помош, повикувајќи ја публиката да покаже солидарност и емпатија.

Денес нашата новинарска екипа го сретна Давид Давидовски во црквата „Св. Илија“, каде што му беше оддадена последна чест на покојниот Панчо од ДНК, па во картка изјава на видно потресениот Давид, дознавме:

„Во ова општество често ги забораваме оние што најмногу им треба поддршка. Копнеам за ден во кој нема да помага само Давид, кога сите ќе помагаме. Сакам Гоце(слепиот новинар) да си ја пронајде среќата во животот, а и да живее достоинствено! Во ова невреме од навидум време во кое живееме, затвореници уживаат права, затоа едногласно да се сплотиме и бориме против неправдата. Се борам за среќата на секој чесен човек”- Давидовски облечен во црно одело и црни маркирани очила.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...