Пређи на главни садржај

(ВИДЕО) Спасен Силјаноски со нова изведба на „Како што е таа чаша" – омаж на македонската традиција

Песната е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“...

Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме" пред публиката пристигнува уште едно драгоцено музичко парче – „Како што е таа чаша" во изведба на Спасен Силјаноски. Оваа безвременска, традиционална македонска народна песна со силен патриотски и сентиментален дух е вистински сведок на душата на нашиот народ – каде што личната болка се претопува во патриотски елан, а мелодијата ја раскажува борбата, тагата и гордоста низ кои сме чекореле како нација.


Во секој стих на „Како што е таа чаша" се крие тивка исповед – за полното срце со јадови, за чашата со вино како утеха, за повикот на мајката и за одлуката да се земе пушката и да се појде в гора – не само како бунт, туку како чин на љубов и жртва за татковината.


Песната е отпеана од низа легендарни музички имиња - Александар Сариевски, Никола Бадев, Петранка Костадинова, Селимова – Желчевски... и токму таа богата историја ѝ дава дополнителна тежина на новата верзија, продуцирана и аранжирана од маестро Николче Мицевски, со гласот на Спасен Силјаноски – новото засилување во екипата што со љубов ја оживува македонската музичка традиција.


„Чест и задоволство е не само да се биде дел од еден ваков проект кој го чува и негува духот на традицијата и има за цел да го врати сјајот на едни од најубавите македонски песни, туку и да се отпее оваа песна. „Како што е таа чаша" е песна која е една од омилените во моето семејство и песна без која не поминува ниту една наша седенка, па и не случајно изборот падна на неа“- вели Спасен.


Проектот „Македонијо, во срце те носиме" продолжува со својата благородна мисија – да го слави македонскиот музички идентитет преку современи преработки на највредните народни бисери. По топлите изведби на „Не кажувај либе добра ноќ" од Огнен Здравковски, „Како пиреј" од Ламбе Алабаковски и „Се собрале комитите" од Миле Кузмановски, новата интерпретација повторно носи бура од емоции проткаени со гордост и љубов кон традицијата и татковината.

 

Во периодот што следува, љубителите на македонската песна ќе можат да уживаат во целосната збирка од проектот – песните ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци."

 

Уживајте во „Како што е таа чаша" и гласот на Спасен,и незаборавајте да ја почитувате убавата македонска музика!


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...