Пређи на главни садржај

Сергеј Четковиќ: „Охрид, доаѓам со срце полно музика"

Сергеј Четковиќ со голем концерт на 3 Август на античкиот театар во Охрид...

По двата магични скопски концерти кои самиот под објавите на социјалните мрежи ги вброи меѓу 10. најубави во досегашната кариера, црногорскиот романтичар Сергеј Четковиќ со нетрпение го брои секој ден до следниот музички бисер – концертот под ѕвездите, во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, закажан за 3 август.

Овојпат, Четковиќ ќе настапи во специјално издание – придружен од Битолскиот камерен оркестар, во спој на глас, чувства и живи инструменти. Вели дека со нетрпение го очекува ова доживување и не крие колку длабоко го чувствува Охрид.

„Не се ова додворувачки муабети, навистина едвај чекам да дојдам во Охрид. Тој град не е само дестинација – тој е емоција. Секое доаѓање ми буди нови чувства, а Античкиот театар... тоа е место со душа"-вели Сергеј за кого престојот во Охрид, признава, ќе биде повеќе од концерт.

„Овојпат решив да останам неколку дена и побарав само едно – соба со поглед кон езерото. Тоа не се пропушта. Тоа е мир што ти го полни срцето"-додава Четковиќ и ветува вечер за паметење – каде што музиката ќе биде мост меѓу минатото и сегашноста, а секоја нота – честичка љубов.

Влезниците за охридскиот концерт се достапни по цена од 900 до 1500 денари, во зависност од местоположбата, а може да се набават преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=153, и на продажните места Кај Аждер – Охрид, Саде-С Тобака – Скопје, Да-Ми компани Тобако – М.А. Ченто, Тобако 51 – Прилеп, City Point (позади Нама & во Citymall) – Штип и Димпо Тобака – Битола.

Охрид, љубовта и музиката се подготвени – дојдете да бидете дел од оваа вечер што ќе се памети!


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...