Пређи на главни садржај

Легендарната „Не кажувај либе добра ноќ" оживува повторно – овој пат во изведба на Огнен Здравковски

Огнен Здравковски со препев на песната „Не кажувај либе добра ноќ“...

Една од најубавите македонски песни што остави неизбришлива трага во народното музичко творештво – „Не кажувај либе добра ноќ" – сега е спакувана во ново руво. По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ..., оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на публиката, сега преку гласот на Огнен Здравковски – еден од наследниците на лозата на авторот Наско Џорлев.

„Не кажувај либе добра ноќ" со музика и текст на Наско Џорлев, е еден од симболите на македонската музичка душа. Нејзината длабочина, емоција и меланхолична убавина сè уште одекнуваат низ времето.

„Од сите песни што ги има напишано дедо ми – „Не кажувај либе добра ноќ",„Фато мори душманке", „Во Струмица на улица", „Кажи ле облаче бело"... –  токму  „Не кажувај либе добра ноќ" ми е најблиска и чест ми е што за неа е направена верзија која ја пеам јас. Ми буди убави спомени, посебно на мојот вујко, Зоран Џорлев, кој има создадено инструментална верзија. Чест ми е да ја отпеам и да ја приближам до новите генерации"-вели Огнен.

Изведбата на Огнен е дел од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме", што под водство на Скендеровски продукција, успешно ги спојува традицијата и современите музички изрази. Зад аранжманот стои маестро Николче Мицевски, кој со својот препознатлив сензибилитет ѝ дава нова светлина на оваа незаборавна тема.

Проектот ја продолжува својата мисија: да ги слави македонските корени преку гласовите на современи изведувачи – од народната и забавната сцена – обединувајќи ги во една цел: Да ѝ подариме на Македонија нов звук, а на публиката ново доживување.

До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, кои ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!

 

Уживајте во „Не кажувај либе добра ноќ" и изведбата на Огнен Здравковски на песната што ја чува тагата, љубовта и вечната убавина на македонската душа!




#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...