Пређи на главни садржај

Промотерската куќа „Баланс“ слави 35 години постоење во кафулето „Излет“

Промотерската куќа „Баланс“  слави 35 години постоење во кафулето „Излет“ во Скопје...

Вечерва 15  Јули, во кафулето Излет  се одбележаа 25 години од постоењето на промотерската куќа „Баланс" со настапи на Самоил Радински, Оги Узун, Томи Бојаџи, Маци Стојановиќ и Сашо Узун. Јубилејот е одбележан од 14 часот, па се 01 часот после полноќ.

„BALANCE" - првата професионална промотерска куќа во Македонија, годинава слави јубилеј – 25 години постоење, делување и едукација. Повеќе од две децении исполнети со музичка визија, автентичен звук и безрезервна посветеност во развојот на домашната електронска култура и сцена.

Ова не е обичен јубилеј, туку прослава на движењето, кое ја дефинираше културната и клупската матрица во Македонија. „BALANCE" е синоним за детроитското техно, за хаус звукот и за вистинскиот андерграунд дух – секогаш чекор пред времето.

Промотерската куќа ја формираа четворица ентузијасти во далечната 2000 година – Огнен Узуновски, Иван Тодоровски, Самоил Радински и Смилен Димитров. Со јасна визија и под слоганот „Точка на топење" почнуваат првите чекори.

Баланс не само што ги донесе првите модерни техно и хаус забави во Македонија, туку и го постави стандардот за организација на настани на различни локации, префинет звук, продукција и визуелно доживување. Преку децении работа, успеа да создаде сцена, публика, култура и пред се да едуцира генерации за тоа што е квалитетна музика.

„Испишавме историја на македонската електонска андерграунд сцена. Баланс е бренд, кој стои зад развојот на македонската техно и хаус сцена. Баланс е темел, столб и инспирација. Продолжуваме со исто темпо, бидејќи нашата цел е иднината", вели Огнен Узуновски, еден од идејните творци на промотерската куќа.

Како дел од визијата, уште во далечната 2003 година, промотерската куќа издаде винилно издание – електронски звук, креиран од Самоил Радински и Смилен Димитров. Под логото „BALANCE",  е преведена и книгата „Електрошок" на македонски јазик на култниот француски артист Лорен Гарниер. Ова беше и еден вид пресвртница, за промотерската куќа да ја прошири улогата од промотер на забави, до издавач и организатор на изложби.

Се почна на 15 јули 2000 година, кога детроитската икона Дерик Меј настапи во Градиште, Охрид. Оттогаш, преку BALANCE македонската публика имаше можност да доживее настапи на стотици култни и клучни артисти од сите страни на светот и да го промовира современиот техно, хаус, џез и хип хоп звук.

Забавите беа еден сегмент од мисијата на Баланс. Едукација и квалитетна музика не беше возможна без соработката со „LOGOS RECORDINGS" зад која стои Самоил Радински, а така настана и музичко - издавачката куќа „SEKTOR 909" проект и визија на Оги и Сашо Узун. Токму „SEKTOR 909" стои зад проектот со кој се одбележа јубилејот 120 години Илинден, каде потпис и печат ставија 25 македонски артисти.

Промотерската куќа го создаде и проектот „Музика Универзалис", фузија на детроитскиот андерграуд техно звук и Македонската филхармонија под палката на маестро Џијан Емин.

Илинден 2014 година – Антички театар Охрид, пред повеќе од неколку илјади посетители настапија Дерик Меј и Македонската филхармонија и во тој момент техно звукот се претвори во симфонија. „MUSICA UNIVERSALIS" стана амбасадор на Македонија. Со Дерик Меј, а потоа и со Хуан Аткинс, Македонската филхармонија настапи на три континенти. Визијата на „BALANCE" преточена во крос-жанровскиот експеримент, кој ги спои ритамот на машините со органската длабочина на симфонијата беше претставена пред публиката во Лондон, Париз, Мец, Гент, Ница, Белград, Мелбурн, Детроит, Приштина и Анаклија во Грузија.

Баланс остана достоен промотер, движење, кое поддржува и промовира млади домашни артисти -  диџеи, продуценти и визуелни уметници. Настапите не се само забави, туку културни настани, симбиоза на звук, простор, луѓе и енергија.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...