Пређи на главни садржај

„Дамар на слободата“ со пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари

Концерт „Дамар на слободата“ со пијанистите Анастасија Грковска и Шкељзен Бафтијари...

„Дамар на слободата” е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот на кој како солисти ќе настапат двајца исклучителни македонски пијанисти – Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари. На програмата се „Свечена увертира” од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации” од Едвард Елгар. Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холанија.

Конрад ван Алфен е „инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат”, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов” во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение” во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски”.Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот национален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен” во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање, под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.

Анастасија Грговска своето музичко образование го започнува во Куманово, каде што е родена, во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Во 2013 година дипломира со cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска. Добитничка е на голем број награди и признанија на државни и на меѓународни натпревари. Зад себе има бројни солистички концерти во Куманово, Скопје, Велес, Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како „Охридско лето”, „Скопско лето”, „Денови на македонска музика” и „Есенски музички свечености”. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на град Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски” во 2014 година, a добитничка е и на Гран-при за 2021 година што ја доделува Одборот на Фондацијата. Дел е од Камерното дуо „Дистанца” со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагогија и корепетиција. Во август 2024 година, како  пијано-дуо со пијанистот Шкељзен Бафтиари настапува на фестивалот „Охридско лето”, одбележувајќи јубилеи на македонските композитори Зографски и Тошевски. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како: Х. Холтман, Германија, Ј. Кот, Украина, Н. Трул, Русија, А. Диев, Русија, Ж. Захариева, Бугарија, А. Гиндин, Русија, Ф. Турисини, Италија, Г. Грузман, Германија, Љ. Гашпарови, Хрватска. Магистрира со највисока оценка на Руската музичка академија „Гњесин” во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, кадешто како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли.

Шкељзен Бафтиари дипломирал со cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов и завршил постдипломски студии со cum laude, во класата на светски познатиот пијанист Симон Трпчески, со кој сѐ уште има добра соработка. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „ИлијаНиколовски-Луј” во Скопје, во класата на проф. Људмила Романова. Пијано почнува да учи на 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ„Тодор Скаловски-Тетоец” во Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско лето”, „Есенски музички свечености”, „Скопско лето”, „Денови на македонска музика”, „ДАМ”, „Шопен пијано фест”, „Косово камерфест”, „РеМузика”, „Сцена на албанската сериозна музика”. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Настапувал како солист со Лондон сити филхармоник, Македонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Косовската филхармонија и Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Покрај поголемиот број снимки за радио и за ТВ, редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид. 

   


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...