Мартинијан ова го најави при неговото гостување во емисијата „Седмо небо’’...
Пејачот Мартинијан
Кириловски при неговото гостивуње во емисијата „Седмо небо“ на Канал 5
телевизија рече дека до крајот на годината очекува да издаде уште една песна.
Имено, гостувањето на Кириловски во емисијата „Седмо
небо“ беше по повод неговата нова песна под наслов „Удри ме“ која што беше
промовирана на јутјуб каналот од Кириловски пред околу три седмици.
Кириловски покрај новата
песна зборуваше и за тоа дека до крајот на годинава очекува да издаде уште една
песна, но не даде информации за каква песна станува збор, па за истата ќе треба
да почекаме и да бидеме малку трпеливи.
Инаку,Кириловски се
прослави по неговото учевство во балканското музичко натпреварување „Ѕвездите
на Гранд“ каде што стигна до шестиот круг, а исто така Кириловски од 2019
година е редовен учесник на македонскиот фестивал за забавни мелодии „Макфест“.

Коментари
Постави коментар