Доделени наградите од фестивалот „Смотра“

 Фестивалот „Смотра“ се одржа по пауза од 12 година во Ново Село...

Фестивали

Доделени наградите на фестивалот „Смотра“

Синоќа во Ново Село Сушица се одржа најновото издание на фестивалот Смотра Златен Глас.

Во прекрасните настапи на 14 млади музички таленти уживаше бројна публика. Комисијата во состав на Александра Јанева, Андријана Јаневска и Спасен Силјановски имаше тешка задача да ги доделат наградите.

Сепак одлучија и соопштија дека Третото место го доделуваат на Душко Никовски и Марија Панчурева од Струмица и Онур Пашаага од Гостивар.

Второто место комисијата му го додели на Сергеј Попоски од Прилеп и Мартина Митева од Струмица.

Првата награда ја доби Анастасија Цамбулева од Струмица.

Овој фестивал има историја од неколку децении. Успеал да им овозможи на некои наши уметници да ги направат своите први чекори.

Имено, пејачката Сузана Гавазова со видео обраќање го поздрави фестивалот и Сушица од активностите во Истанбул.

За музиката и аранжманот на реализацијата се погрижи домашната група „Легато Бенд’’ која направи добра забава.

Фестивалот синоќа имаше модерен изглед, голема посетеност и даде  можност младите да го покажат талентот. Советот на Општина Ново Село и градоначалникот Ѓорѓи Божинов, пред присутните изразија задоволство од можноста младите во земјава  да добијат силен мотив и поддршка од граѓаните за да бидат водени во животот од творечка, креативна енергија и талент.


#Култура

Коментари