Пређи на главни садржај

Водителот Давид Давидовски повторно пред камерите со своја емисија

 Давидовски од неодамна почна со работа на новата телевизија Прва скопска телевезија…

Најхрабриот македонски новинар и,

добро познатиот водител Давид Давидовски официјално започнува со работа како водител во Прва скопска телевизија (поранешна МТМ), а публиката веќе со нетрпение го очекува неговото телевизиско емитување со емисијата „Давид на прва“.


По години посветеност, јавни настапи, најпопуларни емисии и препознатлив глас во медиумскиот простор, Давид конечно добива свое автентично место под телевизиското небо. „Давид на прва“ ветува да биде свежа, занавна и директна емисија. 


„Не сакам да бидам само водител – сакам да бидам глас на оние што немаат платформа. ‘Давид на прва’ ќе биде простор каде што вистината излегува на светло, каде што ќе зборуваме за она што другите го избегнуваат. Сум се заколнал дека маледонскиот шоу-бизнис ќе го напрам рамо до рамо со српскиот”. -Вели Давид.


Емисијата ќе се емитува секој вторник со почеток во 21 часот на Прва Скопска телевизија, како и на јутјуб каналот (David Davidivski) со гости од јавниот живот, музичката сцена, како и социјално ангажирани поединци. Ќе се отвораат теми од реалноста која многумина ја игнорираат: од естрадата и поп-културата, до општествените предизвици и личните приказни што заслужуваат внимание.


Името на емисијата не е случајно – „Давид на прва“ симболизира директност, спонтаност и храброст да се зборува „на прва“, без калкулации.


Ова е само почеток за Давид, кој веќе најавува дека емисијата ќе живее и на дигиталните платформи, со ексклузивни видеа, зад сцена содржини и интеракција со гледачите.

Давид додаде дека јавните личности ќе се чуствуваат пријатно и ќе уживаат како вистински  ѕвезди.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...