Пређи на главни садржај

В сабота премиера на претставата „Чиста куќа“ на Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

 Претставата ќе се игра во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Театарската претстава „Чиста куќа“ по текст на Сара Рул, режиија Тамара Стојаноска, драматургија Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал Филип Коруновски, костимографија Тамара Стојаноска (во координација со актерската екипа) и продукција НУЦК„Марко Цепенков“-Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп премиерно ќе биде изведена претаставата „Чиста куќа“  на 31.05.2025 година (сабота) на големата сцена од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

„Претставата „Чиста куќа“  е во режија на Тамара Стојаноска, млада режисерка која прв пат режира во нашата куќа. Овој проект е дел од годишната програма за работа на ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп од областа на драмската дејност и е финансиски поддржан од страна на Министертсвото за култура и туризам и затоа им сме неизмерно благодарни за нивната поддршка. Огромна благодарност испраќам до целиот тим на „Чиста куќа“ кои работеа во нестандардни и ограничени услови, со огромна желба, љубов и ентузијазам кон театарот“-вели Марија Попова-Јованоска, директор на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

„Најпрвин сакам да се заблагодарам на актерската екипа и техничкиот персонал, бидејќи иако театарот ги затвори вратите тој во ниту еден момент не престана да работи. Режисерката на „Чиста куќа“ начека еден турбулентен период но истиот го издржа и сум и премногу благодарен која што беше и многу амбициозна и направи превод на текстот. Посебно мене како раководител на НТ „Војдан Чернодрински“-Прилеп ме израдува што по објавата на претставата на социјалните мрежи нашата претстава се продаде буквално за 20 минути, тоа е знак дека Прилеп треба да има театар, дека театарот  треба да живее и дека Прилеп има публика која што треба да се храни и да се негува. “-истакна Михајло Миленкоски, раководител на Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

„Најпрво да се заблагодарам за шансата да режирам дома во Прилеп. Ова е моја седма претстава но прва во државен театар. Ова е проект кој го работевме по текст на Сара Рул една интересна авторка од која што „Чиста куќа“ прв пат се поставува во земјава, а на театарските кругови е веќе поставена во Драмскиот театар во Скопје со друг текст. Претставата „Чиста куќа“ се занимава со теми поврзани со животот и смртта. Дејството се одвива преку пет различни ликови испреплетени на многу интересен начин и има многу длабоко-човечки теми кој што исто така ќе допрат до публиката на различни начини.“-вели Тамара Стојаноска, режисер на театарската претстава „Чиста куќа“.

Имено, Стојаноска додава  и дека и’ е важно да работи со талентирани актери кои се креативни за да може и таа да биде креативна.

„Многу ми е битно да работам со талентирани актери, а најпрво со добри луѓе. Актери кои се креативни, кој што ќе ми дозволат и јас да сум креативна и слободна и бидејќи, ми е прв пат во институција сакав да работам со таква екипа така да имавме многу убав процес на работа“-додава Стојаноска.

„Претсавата по форма е камерна. Јас го играм ликот на Лејн која е средена жена, докторка со некави принципи, фасади, правила, прописи каде што полека но сигурно и се „распаѓа“ животот од разни причини и страни. “-вели Данела Иваноска, актерка во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

Инаку, во претставата играат актерите Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Даниела Иваноска, Јасмина Мицовска-Станкоска и Димитар Ѓорѓиевки.

Техничката екипа за претсавата е во состав на: Елена Иваноска (инспициент), Томе Темелкоски (тон-мајстор), Ристе Гркоски (светло), Сашо Смоковски (шеф на сцена), Гоце Наумоски (реквизитер), Пеце Ристески (сликар исполнител), Снежана Ѓорѓиеска (гардеробер), Даринка Богоеска (фризер-перикер) и Роберт Стојкоски, Владимир Владимировски, Јане Јанкулоски (декоратери).


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...