Концертот ќе биде во големата сала од Македонската Филхармонија...
На 30.06.2025. од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе се одржи светската концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и неговите пријатели, албум кој е снимен во Ханој, Виетнам, во 2023 година.
„Маглота“ е најновиот музички проект на Јордан, роден од неговата длабока врска со Виетнам. Тоа е доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со културата. Албумот вешто ги инкорпорира традиционалните музички инструменти кои се длабоко вкоренети во нашиот секојдневен живот. Тоа што плени е и хармоничното спојување на традиционалните виетнамски мелодии со уникатниот музички стил на Јордан Костов.
„Маглота“ е енергичното музичко игралиште кое постојано бара нови бои и значајни вредности што ги носи музиката. Виетнам одигра клучна улога во музичкото патување на Јордан, бидејќи тој навлезе во локалната култура и формираше силни врски со виетнамските пријатели музичари.
Солисти на овој промотивен концерт се:
Јордан Костов (Македонија), хармоника Роман Столјар (Русиjа), пијано, БрендаОхана (Бразил), маримба, Фенг Хао (Кина),тапани, Нилимеш Чакраборти ( Индија ), табла, Монит Пол –(Индија ) сарод , Бруно Тоци Теза (Бразил), бас, како и хорот Св. Злата Мегленска и солисти со кој ќе диригира ЛеткаДимовска-Полизова. Гостин концертот ќе биде Сузана Спасовска.
„Срдечно ве покануваме на оваа наша голема промоција и воедно се надеваме дека ќе најдете инспирација за ваша поддршка на ова неповторлива прилика на врвните светски музичари во овој проект.“-вели Костов.
#Естрада
Коментари
Постави коментар