Пређи на главни садржај

„Љубов за сите“ беше поетско-ликовната манифестација во Прилеп што се одржа во чест на уметничката Андријана Мациев

Настанот се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

„Љубов за сите“ беше насловот на поетската ликовно-музичка манифестација што се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп во чест на уметничката Андријана Мациев-Ан, која што на 41 годишна возраст замина во вечноста и стана жив ангел небесен.

Манифестацијата беше вечер на многу емоции каде не беа изоставени солзите по обраќањето на мајката на Анријана, Јулија Мациевска која што накратко раскажа за бурниот живот и последните денови од животот на Ан.

Имено, на изложбата одична интерпретација на стихови објани во два алманси имаше актерот од прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, Игор Трпчески, а додека пак поетски стихови за Ан читаа Олга Вељаноска и Андријана Ристеска кој што напишале неколку стихови поезија за уметничката Андријана Мациев-Ан.

На манифестацијата беа изложени 22 дела од сите три ликовни циклуси на уметничката „Живот во бои“, „Женски приказни“ и Шарени вибрации-Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“.

На крајот мајката на Андријана Мациев, Јулија Мациевска доби многу ппофални коментари за целиот настан „Љубив за сите“, а исто така таа на сите љубители на пишаниот збор кој купија од алмансите им напиша по некоја посвета.На настанот присуствуваа голем број на пријатели, поддржувачи и обожаватели на Андријана Мациев-Ан и Јулија Мациевска.

Инаку, Анријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година, а во вечноста замина на 12 мај 2022 година, таа е македонска уметница која што средно образование завршила во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“-Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професор Димитар Миладинов. Мациев била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонсија и на здружението „Широка Стаза“ од Земун, а исто така Мациев има учевствувано на меѓународната ликовна колонија ДРЕН.

Андријана Мациев има направено околу 30 самостојни изложби, има учевствувано на повеќе групни изложби, манифестации и колонии во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка, Прилеп и на други места во Македонија и станство. Добитник е на повеќе награди и признанија.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...