Пређи на главни садржај

Претставата „12“ на МНТ ќе го отвори, „Вистината“ на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

Во Прилеп по 59 пат ќе се одржи МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп...






Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето ќе биде во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. Претставата „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Пред изведбата, ќе им бидат врачени наградите за животно дело на актерите Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.

На затворањето на фестивалот на 13 јуни, на истата сцена од 20 часот, ќе биде изведена претставата „Вистината 2“ од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц. Ќе настапат: Виктор Арсов, Ева Скендеровска, Столе Мицов и Тања Мицков. Претставата имаше премиера на 8 мај годинава.
Влезниците за претставите ќе бидат пуштени во продажба на 2 јуни, на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“
-Прилеп, како и онлајн. Сите дополнителни информации за фестивалот публиката може да ги побара на интернет-страницата на фестивалот www.mtf.com.mk

Во продолжение целосната програма:

6.6.2025 (петок)

20:00 НУЦК „Марко Цепенков“
Свечено отворање на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ − Прилеп

„12“
НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР − СКОПЈЕ
Времетраење: 90 минути
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+

7.6.2025 (сабота)

10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

11.00 Кино „Мис Стон“
Драмолетање

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

19:00 НУЦК „Марко Цепенков“
ЦРНО СЕМЕ
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР − БИТОЛА
Времетраење: 110 минути

21:00 Галерија
СИТЕ НАЈУБАВИ НЕШТА
„ОХО продукција“ − Скопје
Времетраење: 75 минути


8.6.2025 (недела)

10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

11.00 Кино „Мис Стон“
Драмолетање

11:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на театарска и театролошка литература

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

17-19:00 Кино „Мис Стон“
Проекција на документарните филмови на Благоја Ристески-Платнар

19:00 НУЦК „Марко Цепенков“
СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА
НУЦК „АЦО ШОПОВ“ − ШТИП
Времетраење: 80 минути

21:00 Саат-кулата
Отворање на Музејот во движење
ПРИЛЕП ВО ФОКУС


9.6.2025 (понеделник)
10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

11:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на наградите на „Еуродрам“

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

19:00 НУЦК „Марко Цепенков“
РИЧАРД ТРЕТИ
НУ Албански театар − Скопје
Времетраење: 180 минути со една пауза


10.6.2025 (вторник)
10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

11:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на театарска и театролошка литература

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

19:00 НУЦК „Марко Цепенков“
ПАРОВИ
ДРАМСКИ ТЕАТАР − СКОПЈЕ
Времетраење: 90 минути


20:00 Кафе-бар „Тротоар”
ЛА МАКБЕТ
„Хибрид продукција“ − Скопје
Времетраење: 40 минути

22:30 НУЦК „Марко Цепенков“
БУРА
НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“
ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ − ПРИЛЕП
Времетраење: 80 минути

11.6.2025 (среда)
10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

19:00 НУЦК „Марко Цепенков“
РАЦИН
НУ НТ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес
Времетраење: 100 минути

21:30 Кино „Мис Стон“
ВАМПИРИ
„Театар за сите“ − Скопје
Времетраење: 17 минути

23:59 НУЦК „Марко Цепенков“
ТУКА ЌЕ НИ БИДЕ КРАЈОТ
Факултет за драмски уметности − Скопје
Времетраење: 90 минути

12.6.2025 (четврток)
10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ − Прилеп)

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

18:00 НУЦК „Марко Цепенков“
ПАР РАСПАР
НУ ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“ − СКОПЈЕ
Времетраење: 120 минути


21:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (105)
СЛЕПЦИ
НУ Турски театар − Скопје
Времетраење: 130 минути

22:00 Гастробар „Монарка“
КАЗАБАЛКАН
Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
Времетраење: 90 минути

23:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса

13.6.2025 (петок)

12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

20:00 НУЦК „Марко Цепенков“
Свечено затворање на фестивалот и доделување на наградите
ВИСТИНАТА
НУ ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“ − СКОПЈЕ
Времетраење: 90 минути

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...