Пређи на главни садржај

Новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ и „Профундис“ повторно ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија на 22 март

На 22 март Пејчиќ и „Профундис“ со концерт во Македонската Филхармонија...

Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија.

На концертот, насловен „Timeless“, како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација.Петар Пејчиќ. Пејиќ е млад и исклучелно талентиран виолончелист, кој веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изгледи харизматична изведба. Неговите успешни настапи на некои од најголемите светски сцени го поставуваат како еден од најврвните уметници на својата генерација. Пејчиќ е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.Пејчиќ изведува дела од најголемите композитори со исклучителна техника и емоционална длабочина, создавајќи неповторлива музичка атмосфера која ќе остави траен впечаток.

На програмата на овојконцертен спектакл ќе се најдат едни од најдобрите дела од класичниот репертоар, со истакната присутност на минимализмот, експресивноста и виртуозноста.

Програмата на концертот ќе ги понуди волшебните звуци на Филип Глас преку „TheHours“, композиција од истоименото филмско дело. Оваа композиција на Глас ја истражува контемплативната убавина и минимализмот, создавајќи емоционално интензивна и нежна атмосфера преку динамични мелодиски трансформации. Следува Унгарската рапсодија оп. 68 од Давид Попер, композиција за виолончело и оркестар која носи вистински експлозивен карактер со драматични унгарски мотиви. Почнува со лирски и меланхоличен вовед, но брзо се развива во блескава и динамична виртуозна демонстрација на техничките можности на виолончелото, правејќи ја вистински предизвик за секој солист. На крајот, публиката ќе биде воодушевена од Рококо варијациите на П.И. Чајковски, дело кое ја спојува елеганцијата на класичниот стил со богата музичка изразеност, создавајќи беспрекорен баланс помеѓу виртуозноста и емоциите на Чајковски.

„Среќна сум што Candlelight магијата стана традиционално концертно доживување во Скопје. Овој пат, имаме привилегија да бидеме домаќини на новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ, кој со своето виртуозно изведување и сценска харизма ќе ја збогати магијата на оваа вечер. Програмата што ја нудиме е навистина уникатна и нема да остави никого рамнодушен затоа што ова ќе биде концерт кој ќе ги поттикне најдлабоките емоции кај присустните.“– изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на оркестарот.

Концептот на „Candlelight“ - концерт под свеќи е светски познат тренд кој веќе традиционално го става и Скопје на светската мапа на локации каде се одржуваат овие уникатни спектакли.Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

Влезниците за концертот се достапни преку МК тикец и можат да се најдат во нивните продажни салони ширум Македонија, а може да се навабат и онлајн преку mktickest.mk

Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година под раководство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Од своето основање, оркестарот постави високи стандарди за изведувачка квалитет и креативност во музичката сцена, собирајќи најистакнати македонски инструменталисти од различни генерации. Идејата на „Профундис“ е да создаде професионален камерен оркестар кој ќе се посвети на изведба на сложени и предизвикувачки дела од класичната музика, а во својата програма вклучува и праизведби на дела од современи автори. Оркестарот активно ги поддржува македонските изведувачи и композитори, а со своите настапи ги носи светски имиња од класичната музика, кои го збогатуваат неговиот репертоар.

„Профундис“ е оркестар кој се истакнува по својата иновативност и оригиналност, следејќи ги највисоките стандарди на европските и светски камерни оркестри. Во својата кратка, но богата историја, оркестарот имал настапи во престижни сали и на значајни фестивали, како „KotorArt“, „SofiaMusicWeeks“, „SorrentoMusicFestival“ и „Ravanelius“ во Италија, Србија, Бугарија и Црна Гора, а неговите изведби во Македонија веќе се сметаат за културни настани од национално и меѓународнозначење.

Петар Пејчиќ е еден од најдобрите млади виолончелисти на својата генерација, кој се издвои со својата изведувачка зрелост и креативност. Роден во музичко семејство, своите први часови за виолончело ги започнал со само четири години, а своето музичко образование го продолжил во Германија на Универзитетот за музика и театар „Феликс Менделсон Бархолди“ во Лајпциг, каде што учел под раководство на професор Питер Брунс. Денес, тој е ученик на престижната Академија Кронберг во класата на професор ФрансХелмерсон.

Петар е добитник на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари, меѓу кои се и наградата на Вториот меѓународен натпревар на Кралица Елизабета (Белгија), како и победата на натпреварите во Финска и Шпанија. Неговата техника и емотивен израз го поставуваат како еден од најзабележителните млади музичари на сцената. Тој свири на виолончелонаправено од ЃузепеГуарнери „филиус Андреа“ (1694, Кремона), позајмено од страна на институтот„БеарсИнтернешнлВиолинСоциети“.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...