Претствата „Бура“ в петок во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Претставата „Бура“ е работена според текст од Вилијан Шекспир...

Театарската претстава „Бура“ ќе се одигра на 7.2.2025 година (петок) со почеток од 20:00 часот. Претставата ќе се одигра на сцената од прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“.

Имено, претставата е работена според текст на Вилијам Шекспир, режијата и адаптацијата се на Џон Блондел, сценографијата, костимите, светлото и плакатот се на Благој Мицевски, музиката е на Томе Темелковски, а додека пак Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е драматург.

Во театарската претставата улогите ги толкуваат актерите од прилепскиот театар и тоа: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.

Инаку, техничката екипа за претставата е во состав на Елена Иваноска (инспициент), Лилјана Батлеска (суфлер), Ристо Гркоски (светло мајстор), Пеце Ристески (сликар исполнител), Гоце Тодороски (реквизитер), Снежана Ѓорѓоска (гардеробер), Даринка Богоеска (фризер-перикер), Сашо Смоковски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски и Јане Јанкулоски (декоратери).

Влезниците за претставата „Бура“ можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378.


#Култура

Коментари