Денеска е Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ

Среќен Бадник...

Православните верници денес го празнуваат Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ.

Бадниковите гранчиња се симбол на светлината, топлината и љубовта., а со нив верниците ги украсуваат своите домови за Бадниковата вечер.

Под слоганот „Пренеси ја божиќната радост во секое срце“ во речиси сите градови низ Македонија се одржаа бадниковите поворки, а македонскиот народ со многу почит и внимание ги одбележува овие празници.

Имено, целото семејство за Бадниковата вечер се собира на посна бадникова трпеза, а според обичајот оваа вечер не се оди на гости според старата македонска „Каде и да си за Бадник дома да си!“ Во сите православни храмови низ целиот свет утрото за Бадник се отслужува света божествена литургија.

Инаку, Божиќ се празнува во спомен на рожденството Христово и овој празник претставува матица на сите други црковни празници, бидејќи со христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП ви го честита Бадник и ви посакува здравје, среќа и убави мигови со саканите.


#Магазин

Коментари